Кошаркарките на Пелистер беа поразени од Војводина со 74:64 во меч од третото коло на регионалната АБА 2 лига. За битолчани ова е втор пораз во три меча, биланс ист каков што имаат и имаат и останатите два македонски тима, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ Скопје. Тоа значи дека ов вкупно девет меча, македонските екипи претрпеа вкупно шест порази.
Пелистер добро започна на дуелот против Војводина и во првата четвртина имаше водство од 22:9. Битолчани ја одржуваа предноста и во текот на целата втора четвртина, но на полувреме заминаа само со три поени позитива (37:34).
На почетокот на третата четвртина Пелистер поведе со 39:34, а потоа следуваше серија од 10:0 на тимот од Нови Сад за преземање на водството 44:39, а неколку минути подоцна Војводина водеше и со 10 разлика (55:45). Играта на Пелистер едноставно се распадна, а во 33-тата минута противникот имаше убедлива предност од 17 разлика (68:51) и уште тогаш се знаеше кој ќе биде победникот.