Македонските екипи се аутсајдери, но ако се одигра патриотски имаат неверојатна квота (Фото)

Две македонски екипи денес ќе истрчаат на паркетот во Суботица во рамки на првиот турнир од АБА-2 лигата. Нашите претставници имаат лош старт на сезоната со два порази на исто толку натпревари, а исти се очекувањата и за денес. И Пелистер и ТФТ се големи аутсајдери против Шенчур, односно Широки, но доколку се одлучите да одиграте патриотски во Sport Life, за победите на нашите претставници ќе добиете неверојатна квота од 20.

Први на паркетот ќе истрчаат кошаркарите на Пелистер, кои за противник ќе го имаат словенечкиот претставник Шенчур. Квотата за победа на Пелистер во Sport Life е 3.50, што не е тешко остварливо, бидејќи минатата сезона битолчани го победија истиот противник со 71-67 на балонот во Златибор.

Веднаш после нив ќе настапат и кошаркарите на ТФТ Скопје против босански Широки. Тука квотата за победа на македонскиот претставник е уште поголема, дури 5.70, со оглед на тоа дека кошаркарите од Широки Брег минатата сезона славеа убедлива победа против екипата од Тафталиџе со 81-58.

- Оглас -

Најнови вести