Македонските фудбалери пристигнаа во Копенхаген (Фото)

Специјален известувач од Копенхаген, Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија пристигна во данската престолнина Копенхаген каде задутре игра екстремно важен бараж меч за пласман на Светското првенство.

Нашите најдобри фудбалери утре ќе имаат можност да се запознаат со условите на стадионот „Паркен“, и ќе имаат два дена за аклиматизација во Данска каде температурата е за неколку степени пониска од таа во Македонија, но разликата не е драстична, па студот не би требало да претставува проблем.

Мотивацијата кај играчите е на највисоко ниво, и Гоце Седлоски посакува триумф на дебито како селектор, оптимизмот постои, а задутревечер ќе видиме дали Македонија ќе игра бараж финале или сонот за Светско првенство ќе биде згаснат барем до 2030 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести