
Македонската фудбалска репрезентација по нешто повеќе од 4 часа лет од Скопје пристигна во Порто, каде задутре ќе го игра најважниот фудбалски меч во нашата историја против Португалија за настап на Мундијалот во Катар.
По сензационалната победа против Италија во Палермо, јунаците што како селектор ги предводи Благоја Милевски ќе се обидат и на 29. март од 20.45 часот на Драгао да приредат уште еден подвиг и за првпат да играат на Светско првенство.

Победникот ќе игра на Светското првенство во Катар во ноември и декември оваа година.

Португалија има 7 настапи досега на Мундијалите, а Македонија на 29. март во вторник ја чека првата промоција како земја што обезбедила настап на Светско првенство.

