18.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Македонските јуниори моќно до четвртфинале, го прегазија Кипар со 41 поен разлика

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 18 години, го прегази Кипар со 102-61, за четврта победа во четвртото коло на ЕП од Б дивизија кое се одржува во Скопје.

Овој триумф значи освојување на првото место во групата Ц и пласман во четвртфиналето во кое ривал ќе ни биде второпласираниот од групата Д, во моментов таму втора е Норвешка, но и Грузија е со еден пораз како и Норвежаните. Името на противникот ќе го дознаеме утре.

Стојковиќ со 20 поени беше најефикасен во тимот на селекторот Горан Андреевски. Луканоски и Ќириловски уфрлија по 17 поени, Јаничиќ заврши со 14, Марјановиќ со 13.

Утре Македонија игра со Украина, но и во случај на пораз, остануваме први на табелата поради подобриот меѓусебен скор со Чешка. Во елитната А дивизија ќе се пласираат најдобруте три селекции од ова првенство.

- Оглас -

Најнови вести