Македонските јуниори совладани од Швајцарија, утре против Косово по заверка на место на ЕП!

Македонската репрезентација за ракометари до 18 години, утре против Косово (сала „Автокоманда“ во Скопје, почеток 15 часот) ќе треба да го потврди пласманот на Европското првенство во оваа возрасна категорија.

Денеска нашите таленти беа минимално поразени од Швајцарија со 25-26 (полувреме 10-15), па Швајцарија најверојатно ќе биде прва во групата, а Македонија за да биде втора и да се најде на ЕП, треба утре да го победи аутсајдерот Косово кој од Швајцарија и Словачка губеше со над 10 голови разлика.

На дуелот со Швајцарците попладнево, најефикасни во македонскиот тим беа Митев со 6, и Ристевски и Пецаноски со по 5 гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести