9.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Македонските кадети ќе играат во чест на легендата Миљан Миљаниќ (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 16 години од утре, па сè до четврток ќе биде дел од деветтиот Меморијален фудбалски турнир „Миљан Миљаниќ“ кој во организација на Фудбалскиот Сојуз на Србија ќе се одигра на терените на ФСС во Стара Пазова.

Освен Македонија и домашната селекција на Србија, на турнирот ќе настапат уште и репрезентациите на Црна Гора и Бугарија. Утре на програмата се полуфиналните натпревари каде што ќе се сретнат Црна Гора – Бугарија во 15 часот и Србија – Македонија во 17 часот. Во четврток ќе се одиграат натпреварите за трето место и финалето.

https://twitter.com/FSSrbije/status/1655468169438412801?s=20

Селекторот на репрезентацијата до 16 години, Дашмир Беари, за настап на турнирот ги повика следниве фудбалери:

Онур Бешир (Шкендија), Игор Ристов (Академија Пандев), Горазд Ристовски (Црвена Ѕвезда), Лука Атанасовски (Вардар), Емир Саботиќ (Вардар), Здравко Перески (Академија Пандев), Хисар Али (Шкендија), Фуркан Хирда (Шкупи), Стефан Младеновски (Ѕрвена Звезда), Каменчо Андоновски (Работнички), Беркај Шаини (Работнички), Павел Трајковски (Македонија Ѓ.П.), Никола Ангелов (Академија Пандев), Златко Радевски (Вардар), Милош Спасовски (Вардар), Елдин Рамани (Работнички), Адмир Латифи (Македонија Ѓ.П., Давид Ивановски (Сент Гален, Швајцарија), Тома Георгиевски (Њу Старс), Петар Митревски (Саса Каменица)

- Оглас -

Најнови вести