31.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Македонските кадети „пукнаа петарда“ во мрежата на Црна Гора

Македонската репрезентација до 16 години со убедливи 5:0 славеше против Црна Гора на вториот контролен натпревар одигран на „Билјанини извори“ во Охрид. Втора победа за нашата младинска селекција против гостите од Црна Гора, на воведниот меч славевме со 3:0.

Медин Емини постигна четири гола на денешниот натпревар. Во 22-рата минута на асистенција од Адеми го даде првиот погодок. Предноста ја удвоивме на пет минути до полувреме со вториот погодок на Емини.

Во второто полувреме, нашиот напаѓач славеше хет-трик само по пет минути игра, а во 61-вата минута Емини го постигна и четвртиот погодок откако одзеде топка и шутираше во празната мрежа на гостинскиот голман.

Во 77-мата минута, Стефан Ристиќ го постигна својот втор гол во двомечот со Црногорците за 5:0 по продорот на Крстевски. Во првиот состав на селекторот Исејни имаше многу промени во однос на првиот меч, но Македонија повторно беше доминантна и заслужено се радуваше на вториот триумф против Црна Гора.

МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 5:0 (2:0) 

Стадион: „Билјанини извори“, Охрид

Стрелци: 1:0 – Медин Емини 22`, 2:0 – Медин Емини 40`, 3:0 – Медин Емини 50`, 4:0 – Медин Емини 61`, 5:0 – Стефан Ристиќ 77`

Македонија до 16 години: 12. Илан Мемети, 2. Филип Ѓоргиоски (69` 15. Илија Аксентиев), 3. Михајло Павлов (79` 21. Далибор Марковиќ), 5. Матеја Масев (69` 6. Амар Акики), 7. Александар Полимац (61` 16. Рон Мемеди), 8. Дардан Адеми (69` 14. Огнен Јаков), 17. Огнен Сисевски, 19. Коста Ѓоргиевски (61` 11. Марин Крстевски), 20. Медин Емини (61` 9. Стефан Ристиќ) , 23. Благојче Седлоски (79` 13. Онур Чако), 24. Марио Стојчевски (79` 25. Ефе Раифи); Селектор: Иљами Исејни.

Црна Гора до 16 години: 12. Огњен Урса, 14. Павле Јововиќ, 15. Дамјан Бесовиќ, 16. Лука Куч (75` 5. Андрија Нововиќ), 17. Амар Суљевиќ (46` 10. Урош Самаргиќ), 18. Милош Лаковиќ (67` 6. Лазар Грбовиќ), 19. Алден Бајрамовиќ (46` 9. Славко Конатар), 20. Лук Каљевиќ (46` 8. Данило Вуковиќ), 21. Филип Хорче (46` 4. Петар Марсениќ), 22. Лука Влаховиќ (67` 11. Никола Милачиќ), 23. Лазар Булатоивиќ; Селектор: Владан Савиќ.

Фото: ФФМ/ffm.mk

- Оглас -

Најнови вести