29.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Македонските кадети уште еднаш поразени, овојпат од Бугарија

Во натпревар за пласман од 13-тото до 16-тото место на Европското првенство од дивизјата „Б“ во Скопје, кадетската репрезентација на Македонија загуби во дуелот со Бугарија со 65-70.

Нашите кадети беа за нијанса подобар ривал во првите десет минути, имаа и минимално водство од 16:14.

Само за момент гостите од Истокот го преземаа водството на нивна страна, на почетокот на втората четвртина, поведоа со 20:18. Брзо се вративме, со серија од шест поени, за наша предност 24:20, а одличен во тој воведен дел од мечот, особено во фазата на нападот, беше Илиев, кој реализираше 14 поени.

Но, следуваше нова серија на противникот и нова промена на водството, 31:28, во 16-тата минута од играта, доволно за тајм- аут кој го повика нашиот стручен штаб предводен од селекторот Нермин Пепиќ.

Селекцијата на Бугарија беше подобар ривал во третатаа четвртина, ја доби со резултат 23:18, доволно да ја зголеми својата предност 57:50.

Во последните десет минути, нашите кадети се обидуваа да ја анулираат таа негатива, но нивните обиди се покажаа како недоволни за конечен успех.

Илиев застана на бројката од 18 поени, а во второто полувреме, офанзивно добар беше и Чучанов, кој дојде до 15 реализации

На последниот ден од евро-шампионатот во Скопје, селекцијата на Македонија за кошаркари под 16 години, ќе игра за 15-тото место во конечниот поредок.

- Оглас -

Најнови вести