35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Македонските клубови ќе добиваат двојно повеќе пари како солидарна помош од УЕФА

УЕФА донесе одлука речиси за двојно зголемување на сумата за солидарни исплати за клубовите кои не учествуваат во европските клупски турнири во новиот циклус 2024-2027 година, кој веќе започна. Ова беше објавено на денешната седница на Извршниот комитет на Европската фудбалска организација.

Претходно предвидената сума од вкупно 135 милиони евра се зголемува на 258 милиони евра, плус дополнителни 50 милиони евра за топ 5 лигите, при што секоја од тие лиги има лимит од 10 милиони евра.

70% од сумата ќе биде распределена врз основа на рангирањето на клубовите на УЕФА, додека останатите 30% ќе се распределуваат според настапот на најдобриот тим во главната фаза на европскиот турнир.

Оваа мерка првично беше предложена до УЕФА од страна на Асоцијацијата на европските лиги, која има цел да ги намали финансиските предности на клубовите кои учествуваат во главната фаза на европските турнири.

- Оглас -

Најнови вести