Македонските надежи ја победија Ирска и како први одат во четвртфиналето на ЕП дивизија Б

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи со 20 години го освои првото место во групната фаза од Европското првенство Б дивизија. Во последното четврто коло, Македонија убедливо ја победи Ирска со 77:66 (39:27).

По комплетирање на групата, Македонија е прва со 7 бодови, пред Чешка која исто така има седум и како втора ќе оди во четвртфиналето, додека извиси Бугарија која иако има седум бодови, е со најлоша кош-разлика во меѓусебниот дуел. Ирска заврши со 5 бодови, а Словачка е последна со 4 бодови и ниту една победа.

Македонските надежи во дуелот против Ирска беа големи фаворити, но почетокот на мечот не го покажа тоа. Во „СРЦ Кале“, Ирците беа тие кои го диктираа резултатот, па по првите 10 минути изнерадувачи водеа со 18:12.

Добрата игра на Ирска продолжи и на почетокот од втората четвртина кога водеа со 21:16, но потоа со мини серија од 5:0, Македонија израмни на 21:21. Ирска водеше и со 27:24, а тогаш македонските надежи со серија од 15:0 стигнаа до 39:27 што беше резултат на полувремето и знак дека сепак нема да има изненадување во овој дуел.

Во вториот дел продолжи сигурната игра на македонските надежи кои во 33 минута имаа убедливи 68:46, но во финишот на мечот, противникот успеа да ја преполови негативата.

- Оглас -

Најнови вести