Македонските надежи одат по изненадување против домашната Полска

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години, денеска го почнва настапот на квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза квалификации за Европското првенство.

Тимот предводен од селекторот Тони Јакимовски, на турнирот во Полска за ривали ги има Германија, Казахстан и домаќинот Полска, кој е наш денешен ривал од 16 часот.

Во второто коло на 14-ти октомври играме против силната Германија, а во последното коло на 17-ти, противник е Казахстан.

Според квотите во Sport Life, Полска е фаворит денеска, па триумф на Црвено-жолтите би било пријатно изненадување.

- Оглас -

Најнови вести