Македонските надежи загубија од Фарски острови на стартот на Светското првенство

Македонската машка ракометна репрезентација за играчи до 21 година со пораз стартуваше на Светското првенство. На стартот од Мундијалот, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ беа поразени од Фарски Острови со 28-33 (15-16).

Во првото полувреме нашата репрезентација добро парираше на противникот, па во еден дел од мечот имаше и два гола предност. Во 18 минута противникот поведе со 10-11 и до крајот на првото полувреме ја одржа предноста од еден гол. По 30 минути игра резултатот беше 15-16.

Фарски Острови добро започна во второто полувреме и по осум минути игра дојде на предност од четири погодоци (17-21). Нашите надежи успеаја да се доближат на 21-23, но следуваа два гола на ривалот, за негативата повторно да дојде четири погодоци, а на крајот Фарски острови победи со пет гола предност.

Оли Мутин беше нерешлива енигма за нашата одбрана и успеа да постигне 15 голови од 17 шута.

- Оглас -

Најнови вести