9.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Македонските навивачи го прогнозираат резултатот: Најголем дел од нив се убедени дека убедливо ќе загубиме од Англија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот ќе гостува на „Олд Трафорд“ против Англија, во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година. Нашите навивачи се многу разочарани по поразот од Украина со 2:3, во меч на кој Македонија водеше со 2:0 до 60-тата минута. Токму затоа најголем дел од нив ја загубија вербата во нашата репрезентација, па очекуваат убедлив пораз на денешното гостување.

СпортМанија во соработка со Sport Life стандардно организира да го прогнозирате резултатот на полувреме и на крај, а најбрзите 10 што ќе погодат, ќе добијат вредносни ваучери од по 200 денари од најдобрата обложувалница.

Досега над 500 прогнозери ги дадоа своите очекувања за тоа како ќе заврши резултатот на „Олд Трафорд“, а најголемиот дел покажуваат дека се очекува убедлив пораз на Македонија. Доминираат прогнозите од победа на Англија со 3:0 4:0, 5:0, 7:0, а има такви кои дури прогнозирале и пораз на Македонија од 9:0 и 8:1. Мал дел од прогнозерите се надеваат на чудо и типуваат триумф на Македонија на „Олд Трафорд“.

Доколку не сте прогнозирале, имате шанса да го направите тоа и да бидете во игра за освојување на вредносен ваучер во Sport Life. Вашата прогноза може да ја дадете ТУКА.

Секако, доколку сте убедени за некој резултат по 90 минути игра, може да се обложите и во Sport Life, каде што има супер квоти за погоден точен резултат.

- Оглас -

Најнови вести