-1.2 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Македонските навивачи одлучија кој е најпосакуван противник во полуфиналето од баражот за СП 2022

Македонија од синоќа ги знае сите шест можни противници во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство во Катар. Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс се во улога на носители, додека во делот на неносители, каде што е и Македонија, се уште и Турција, Полска, Украина, Австрија и Чешка.

СпортМанија синоќа постави една анкета со прашање: Која репрезентација ја посакувате за противник на Македонија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар?

Имаше над 80 одговори, а најголем дел од навивачите се согласни дека Велс е селекцијата против која би имале најголеми шанси за победа. Зад Велс, во анкетата потоа најмногу се посакуваат селекциите на Шкотска или Русија. Најтешко би поминале ако за противници ги добиеме Италија или Португалија, но има и такви навивачи кои сакаат токму со европските гиганти да ги одмериме силите.

Еден од коментарите вели дека најдобро е да играме против Шведска и да ги победиме за на Дејан Кулушевски да му е криво што не ја одбрал Македонија за своја репрезентација туку решил да игра за Швеѓаните.

Комплетната анкета во која може и вие да учествувате може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести