7.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Македонските ракометарки со триумфот над Словачка го освоија турнирот во Анкара

Македонската женска ракометна репрезентација со голем успех се враќа од Анкара, откако со победата над Словачка од 26-24 го освои првото место на силниот меѓународен турнир. Избраничките на Кристијан Грчевски со две победи и едно реми покажаа одлична форма и заслужено се најдоа на врвот.

Последниот натпревар против Словачка беше најтежок и највозбудлив. Словачките ракометарки започнаа подобро и рано ја презедоа иницијативата, но Македонија брзо се консолидира и се врати во мечот. До полувремето резултатот беше целосно израмнет, 12-12.

Во второто полувреме нашата селекција го крена темпото, го презеде водството и во најголемиот дел од играта контролираше со разлика од три до четири гола. Словачка се обиде да се врати во финишот и дури имаше напад за намалување на само еден гол, но македонските ракометарки одиграа одлично во одбраната и ја обезбедија конечната победа.

Македонија претходно славеше над Турција со 26-29, ремизираше со фаворизираната Словенија (23-23), а со денешниот триумф ги заокружи настапите со прво место и одлична увертира за претстојните предизвици.

- Оглас -

Најнови вести