21.8 C
Skopje
сабота, 9 август 2025

Македонските ракометни јуниори на чекор од пласман на ЕП!

Македонската ракоемтна репрезентација за играчи до 18 години, по денешната победа над Словачка од 27-26, се наоѓа на чекор од пласман на Европското првенство кое летово ќе се одржи во Црна Гора.

Клучниот гол го постигна капитенот и пикер Самоил Ристевски кој погоди за 27-25 и ги отпиша Словаците на мечот во салата „Автокоманда“ во Скопје. Ристевски даде четири гола, а најефикасни беа Петрески со 8 и Митев со 5 гола.

Сега на нашите ракометни таленти им треба само уште еден триумф за место на ЕП. Утре од 15 часот играме со Швајцарија, а потоа со Косово кој е најголем аутсајдер (Швајцарците го победија Косово со 33-19), па триумф и само против Косово ќе значи минимум второ место во групата и пласман на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести