Македонските репрезентативци по подолго време повторно заедно

Селекторот на македонската сениорска фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, денеска на пладне ќе го има првиот собир на играчите за претстојните два натпревари против Ерменија (5 септември) и Грузија (8 септември) од новото издание на Лигата на нациите.

Ангеловски за овие два меча ги повика: Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Кристијан Тошевски, Енис Барди, Аријан Адеми, Бобан Николов, Стефан Спировски, Езџан Алиоски, Елиф Елмас, Даниел Аврамовски, Горан Пандев, Иван Тричковски, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Крсте Велкоски, и Влатко Стојановски.

Селекторот рече дека поради повреда, нема да смета на Тихомир Костадинов, а Ферхан Хасани ќе недостасува заради „ковид” ограничувањата во Финска. Аврамовски има пријавено повреда, но ќе допатува во Скопје, каде што ќе му бидат извршени прегледи од страна на нашиот медицински тим.

Овие два натпрeвари од новото издание на Лига на нациите ќе бидат последна проверка во пресрет на натпреварот против Косово на 8 октомври.

- Оглас -

Најнови вести