Македонските спортисти се „чекираа“ во Олимпиското село во Париз (Фото)

Малата македонска олимписка експедиција пристигна и се „чекираше“ во Олимпиското село во Париз во пресрет на настапот на најголемиот светски спортски самит. Таму нашите спортски ќе ги реализираат завршните подготовки очекувајќи ги своите настапи на Летните Олимписки игри 2024.

Македонија на ЛОИ 2024 во Париз ќе ја претставуваат шестмина олимпијци, откако поради здравствени проблеми се откажа пливачката Ева Петровска. Македонија ќе има и четворица претставници меѓу судиите на Олимписките игри.

Македонското знаме на свеченото отворање на Игрите, кое е закажано за в петок, ќе го носат атлетичарот Дарио Ивановски и таеквондистката Милјана Рељиќ.

- Оглас -

Најнови вести