Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години имаше нов успешен тест и денеска повторно ја победи селекцијата на Босна и Херцеговина со 3:2.
По вчерашниот успех од 3:1, избраниците на легендата Драган Канаталаровски повторно беа подобри од своите врсници, и тоа на гостински терен.
Георг Стојановски ни донесе предност од 1:0 на самиот старт од мечот, а потоа домаќините се разиграа и направија пресврт со головите на Кахвиќ.
Сепак, Македонија успеа да приреди нов пресврт, втор, на мечот и со головите на Бесарт Гуџуфи и да победи со 3:2.