32.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Македонските тенисерки со победа над Јужна Африка во Били Џин Кинг купот

Македонската женска тениска репрезентација имаше одличен старт на Били Џин Кинг купот во Ларнака, Кипар. Нашите девојки остварија експресна победа над Јужна Африка со 2-0 во првото коло.

Македонските тенисерки беа убедливи уште во сингл-дуелите, каде што Магдалена Стоилковска и Лина Ѓорческа не оставија простор за изненадување.

Прва на теренот настапи Стоилковска и само за четириесетина минути ја совлада Дона Ле Ру со убедливи 6-3, 6-0.


Ѓорческа беше сигурна против Мари Луи ван Зил и мечот го доби со 6-2, 6-1 за околу еден час игра.

Со овие две победи, Македонија го осигури триумфот уште пред мечот во игра на двојки, кој остана без резултатска важност.

Во второто коло нашите тенисерки утре ќе ги одмерат силите со селекцијата на Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести