Горазд Србљак – Иван Манасов и Томислав Јотовски – Стефан Мицов се полуфиналните двојки од турнирот на терените на МТП во Скопје. Ова е еден од ретките турнири кај нас на кои може да се видат најдобрите македонски тенисери.
Турнирот се одржува шеста година по ред, и е ретка прилика за публиката да ги види во акција нашите најдоброрангирани тенисери на АТП листата. Во четвртфиналето, сите полуфиналисти славеа во два сета, и ја оправдаа фаворитската улога.
Утре од 10 часот, на земјените терени во населбата Тафталиџе ќе се појават Србљак и Манасов, а по завршувањето на тој меч, битка за финале ќе водат Јотовски и Мицов.
Јотовски е прв носител, и единствен македонски тенисер кој е меѓу првите 1.000 на светската ранг-листа, но имаше проблеми со рамото и овој турнир му е шанса да види дали повредата е залечена и дали во наредниот период ќе може да игра на ИТФ турнири на кои се освојуваат АТП поени.
Финалето е закажано за в недела, а се играат и мечеви во двојки на кои настапува легендната Зоран Шевченко. За најдобрите, предвидени се парични награди.