18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Македонските ветерани играа со Косово во чест на Фадиљ Вокри

Ветераните на македонската репрезентација одиграа пријателски натпревар во Приштина против фудбалските ветерани на Косово на традиционалниот турнир во чест на роденденот на легендарниот Фадиљ Вокри кој почина во 2018 година.

Поранешните македонски репрезентативци го загубија мечот со 1-2, но резултатот не беше во преден план, турнирот имаше пријателски карактер и поважна беше дружбата меѓу поранешните фудбалери.

По завршувањето на натпреварот, претседателот на ФФК, Агим Адеми, им додели трофеи на двете селекции. Капитен на македонската селекција и стрелец на голот беше Артим Шаќири, а заеднички со останатите фудбалери оддадоа почит и пред статуата на Фадиљ Вокри.

Нашата селекција ја предводеа Менсур Неџипи – селектор, Еркан Јусуф – помошник селектор.

Во составот беа Џемал Зеќири, Артим Шаќири, Арбен Нухиу, Драган Начевски, Вујадин Станојковиќ, Артим Положани, Ерџан Менга, Неџат Шабани, Ќатип Османи, Куштрим Балажи, Горан Георгиевски, Џенан Хајдари, Афет Јашари, Ванчо Мицевски, Бруно Пресилски, Драган Веселиновски, Аргент Беќири и Горан Станковски.

- Оглас -

Најнови вести