1.8 C
Skopje
недела, 21 декември 2025

Македонските ѕвезди посилни од американските на олстар-мечот во Скопје

Главниот настан на Ол-стар викендот, односно „Собирот на сите ѕвезди“ на македонската кошарка, вечерва во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, го крунисаа селекциите на „Македонија“ и на „Светот“.

Главните актери на теренот презентираа вистинска, пред се атрактивна кошарка, во коај присутните фанови можеа да уживаат во потезите на најдобрите играчи кои оваа сезона се дел од Суперлигата.

Кошаркарите максимално сериозно го сфатија овој ревијален натпревар, се бореа максимално за своите тимови.

Победник оваа вечер беше тимот на „Македонија“, кој славеше победа од 119-115.

На полувремето, беа реализирани и натпреварите во шутирање тројки и забивање.

Виктор Ефремовски важеше како голем фаворит кога станува збор за реализација на обидите за три поени, и во целост ја оправда.

Кошаркарот на Работнички ја доби финалната пресметка против Џавон Грин од екипата на Маџари, и го доби признанието за најдобар во оваа ценета шутерска категорија на „собирот на сите ѕвезди“.

Следна на ред беше и можеби најголемата атракција – натпреварот во забивање.

А таму, голема битка помеѓу Рејмонд Самервил од една, и Дамјан Стојаноски. Беше решена во нивниот меѓусебен дуел во кој како победник излезе центарот на екипата на ТФТ.

Виктор Ташовски од екипата на ТФТ го доби признанието за најкорисен играч (МВП) на овој меч на сите ѕвезди.

- Оглас -

Најнови вести