Македонско дерби во Полска: асистенција на Чурлинов, победа за Атанасов (Видео)

Краковија како гостин ја победи Јагиелонија со 4-2 во дуел за првото место во полскиот фудбалски шампионат, а на оваа средба во двата тима настапија двајца Македонци, по еден во двата тима.

Со оваа победа, Краковија го презеде првото место на табелата, а за Јагиелонија која имаше три победи во првите три кола, ова е прв пораз.

Дарко Чурлинов беше стартер кај Јагиелонија, имаше и една асистенција, при голот на домашните за водство од 2-1. Јани Атанасов беше резерва кај Краковија и во игра влезе во 60-та минута. Седум минути имаше двајца Македонци на терен, бидејќи Чурлинов беше изваден од игра во 67-ма минута.

Ова е убавата акција на Јагиелонија и асистенцијата на Чурлинов:

- Оглас -

Најнови вести