7.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Македонско девојче на радарот на италијанскиот гигант Јувентус

Големата македонска надеж во женскиот фудбал, 16-годишната Меланија Грозданова се најде на радарот на италијанскиот гигант Јувентус. Според пишувањата на италијанскиот новинар Руди Галети, Јувентус се интересира за талентираната фудбалерка, која веќе е дел од сениорската репрезентација на Македонија.

Грозданова беше во стартниот тим на последните два контролни меча против Русија и покажа дека се работи за фудбалерка пред која престои големам иднина. Тинејџерката сезонава блеска и во тимот на Љуботен и веќе има постигнато осум погодоци, иако не игра како класичен напаѓач, туку игра по крилната позиција.

Пред да дојде во Љуботен, Грозданова настапуваше за тимот на Истатов.

- Оглас -

Најнови вести