Македонецот Доријан Ивановски беше прв стрелец на Цедевита јуниор на неодамнешната завршница на хрватскиот кадетски куп и покажа дека имаме кошаркарски талент на кој треба да се обрати внимание.
Ивановски, кој на крајот на август ќе наполни 17 години, е репрезентативец на Македонија, а висок е 196 сантиметри.
Тој во Купот на Хрватска, во мечот за трето место, ги предводеше кадетите (играчи до 17 години) на Цедевита јуниор со 22 поени, а во полуфиналето уфрли 26 поени.