АБА 2 лигата повторно ќе има 14 клуба од кои два македонски, овојпат тоа се МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер, а лигата повторно ќе се игра турнирски, во таканаречени „балони“, од петте турнири, три ќе се играат во БиХ. Во регуларната сезона ќе има 13 кола, по што осумте најдобри ќе се борат за титула и влез во АБА лигата.
Сезоната стартува во Златибор на 10 октомври, кога МЗТ ќе игра со српски Младост Земун, а битолчани ќе дебитираат против црногорски Ловќен. Вториот турнир ќе се одржи во Осиек од 8 до 12-ти ноември, и таму во рамките на третото коло ќе се игра македонското дерби помеѓу Штрковите и пелистерци.
Комплетниот распоред на нашите претставници можете да го видите ТУКА.