Македонското пливање конечно се обедини: Сашо Лазаровски е нов претседател

По повеќегодишни поделби, македонското пливање е сплотено под новото раководство. На денешното изборно собрание поддршката ја доби Сашо Лазаровски, и тоа од сите клубови и едногласно беше избран за нов претседател на Националната пливачка федерација.
Покрај претседателот Лазаровски, за потпретседател за ватерполо и член на управен одбор е назначен Александар Ѓорѓевски, додека останатите членови на Управниот одбор го сочинуваат: Мартин Стефановски, Александар Филипчев, Персида Стојановска, Наташа Стаменова и Искра Бојаџиева.
На собранието присуствуваше и министерот за спорт, Борко Ристовски, кој изрази задоволство што конечно има сплотеност во пливањето.
- Оглас -

Најнови вести