Најатрактивниот меч кој вечерва се играше во Лигата на шампионите беше во Минхен, меѓу Баерн и Барселона. Ова е дуел кој привлече многу внимание, трибините беа исполнети, а меѓу многуте навивачи во првите редови можеше да се забележи и навивач кој во рацете имаше развеано македонско знаме.
Навивачот кој имал среќа да биде дел од овој меч реши гордо да го истакне и македонското знаме пред милионскиот аудиториум што го следеше овој меч.