9.8 C
Skopje
четврток, 18 септември 2025

Македонското знаме се најде на новиот дрес на украинската фудбалска репрезентација! (Фото)

Фудбалската федерација на Украина ги претстави специјалните дресови со кои репрезентацијата ќе игра во баражот за Светско првенство против Шкотска на 1 јуни, а на дресот се најде и македонското знаме.

Украинците сакаа на сите земји кои им дадоа поддршка да им се заблагодарат со тоа што ќе го стават нивното знаме на дресот, па меѓу другите, ќе биде и македонското знаме. Тука е и пораката „Обединети за Украина“.

Дресот им пречи само на Србите, кои велат дека ова е провокација бидејќи на него се појавува и знамето на Косово, кое тие го сметаат за своја територија. Инаку на дресот го има и српското знаме.

На дресот пишува и У24, кое значи најава за потенцијален влез на Украина во Европската унија во 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести