7.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Македонското знаме се развеа на отворањето на ЗОИ 2026 (Фото+Видео)

Со спектакуларна церемонија на легендарниот стадион „Сан Сиро“ во Милано официјално започнаа Зимските олимписки игри 2026, настан кој во следните две и пол недели ќе го фокусира вниманието на светската спортска јавност кон Италија и бројните зимски дисциплини.

Парадата на учесниците го означи стартот на едно од најголемите спортски случувања оваа година, а на олимписката сцена свое место има и македонската делегација.
Македонија ја претставуваат четворица натпреварувачи: нордијците Ана Цветановска и Ставре Јада, како и алпските скијачи Јана Атанасовска и Виктор Петков.

Честа да го носат државното знаме на отворањето им припадна на Јана Атанасовска и Ставре Јада, кои заедно со остатокот од делегацијата продефилираа низ Кортина и Ливињо, симболично означувајќи го почетокот на новото поглавје за македонскиот зимски спорт.

За да можат сите спортисти да бидат дел од ова историско искуство, паралелни церемонии и паради се одржаа и во Предацо, Ливињо и Кортина д’Ампецо, создавајќи глобален празник на олимпискиот дух.

 

- Оглас -

Најнови вести