Макелеле го знаел „лекот“ како да го сопре Роналдињо: Ако ме дриблаш, ќе те пратам во болница

Клод Макелеле беше познат како голем борец кој не се предаваше ниту на еден дел од теренот. Сепак, Макелеле имал големи проблеми кога требало да игра против Роналдињо. Поранешниот француски фудбалер открива какви начини користел за да го сопре бразилскиот виртуоз.

„Мали, очекувам да ме дриблаш со почитување. Нема да ги толерирам твоите трикови од Плејстејшн. Ако ги правиш тие финти врз мене, ќе те пратам во болница“, му рекол Макелеле на Роналдињо пред мечот меѓу Челзи и Барселона во рамките од Лигата на шампионите.

Макелеле, кој денеска работи како тренер на белгискиот тим Епен, открива дека бил уште позбунет од реакцијата на Роналдињо. „Ми ја подаде топката и ми побара да му простам“, се присетува Макелеле, кој додава дека начинот на којшто Рoналдињо дрибла всушност ги напатува сите противници.

 

 

- Оглас -

Најнови вести