Маки за Милан – Против Верона и Порто ќе го нема првиот стрелец, има корона-вирус

Најдобриот стрелец на Милан, Брахим Дијас нема да игра утре против Верона од 20.45 часот поради позитивен тест на Ковид-19.

Стрелецот на три гола сезонава во Серија А веќе е во изолација и сигурно  нема да настапи за Росонерите и на гостувањето во Португалија против Порто во вторник во меч од Лигата на шампионите.

Дијас игра за Милан како позајмен играч од Реал Мадрид, а пристигна на Сан Сиро лани. Од Милан веќе објавија дека ја следат ситуацијата со Шпанецот и дека тој е веќе во карантин.

Дијас лани постигна четири гола за Милан во Серија А и имаше три асистенции, а сезонава за само 7 кола веќе трипати беше стрелец и е прв на листата на стрелците кај Росонерите заедно со Леао.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести