Маките на Реал се зголемуваат, Лукас и Винисиус се повредија

Реал Мадрид неочекувано губи со 0-2 од разиграниот Ајакс на „Сантијаго Бернабеу“, а Сантијаго Солари има и дополнителни маки по повредите на Лукас Васкес и на Винисиус, кои го напуштија теренот по половина час игра.

И двајцата се повредија, а наместо нив во игра се Герет Бејл и Марко Асенсио. Реал мора да даде најмалку еден гол и да не прими до крајот на мечот ако сака да игра продолженија и да се обиде да се врати во игра за четврт-финале.

 

- Оглас -

Најнови вести