31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Макрон ќе побара од Путин прекин на воените дејствија во Украина за време на Олимписките игри во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, подготвува предлог до својот руски колега Владимир Путин, за прекин на воените дејствија во Украина за време на Летните олимписки игри во Париз кои ќе се одржат од 26-ти јули до 11-ти август.

Статусот на спортистите од Русија и Белорусија уште не е познат, можеби на некои ќе им се дозволи учество, но без знаме и химна на нивните земји, и тоа само во индивидуалните спортови, не и во екипните.

Правилото за запирање на војните за време на Олимписки игри, трае од древни времиња, уште од античка Грција, за да може спортистите безбедно да одат на натпреварувањето. Останува да се види дали Путин ќе се согласи со предлогот на Макрон традицијата ќе се примени и летово, на задоволство на многумина, веројатно најмногу на Украинците.

- Оглас -

Најнови вести