Макс Ферстапен леташе низ Хунгароринг и го обои во портокалово

Холандските навивачи кои во голем број се најдоа на трибините на патеката Хунгароринг крај Будимпешта, имаат големи причини за радост, бидејќи нивниот миленик, Макс Ферстапен од Ред Бул, ја освои пол-позицијата и утрешната трка ќе ја почне од најповолна позиција. На трката за Големата награда на Унгарија нема многу места за претекнување, па многу е важно да се создаде предност на стартот.

Ферстапен е 100-тиот пилот во историјата на Ф1 кој тргнал од пол-позиција. Тој имаше за само 18 илјадитинки подобро време од Валтери Ботас од Мерцедес, а трети е Луис Хамилтон истотака од Мерцедес. Потоа следуваат двата болиди на Ферари, со Себастијан Фетел и Шарл Леклер кои ќе чекаат шанса да претекнат некого на стартот, бидејќи покажаа дека се најбрзи во првиот сектор на патеката.

 

- Оглас -

Најнови вести