11.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Макс максимално се бори за нова титула, ќе има пол-позиција на решавачката трка

Макс Ферстапен имаше најдобро време во квалификациите и ќе стартува од пол-позиција на утрешната трка за Големата награда на Абу Даби, последна трка годинава во Формула 1 шампионатот на кој ќе се одлучи кој ќе биде првак за 2025 година.

Во последната трка годинава, Ландо Норис влегува со 408 поени, Макс Ферстапен со 396, а Оскар Пјастри со 392. Сите тројца имаат шанса за освојување на титулата, а на лидерот Норис не мора да брка победа на патеката „Јас Марина“ утре доволно му е и трето место за да ја обезбеди титулата.

Пјастри ќе стартува како трети и ќе чека киксеви на Ферстапен и Норис во оваа борба за титулата, прва после 15 години помеѓу тројца пилоти во последна трка од календарот.

- Оглас -

Најнови вести