Макси Лопес збесна по Ванда: Дали си нормална? Ги однесе моите деца во најопасното подрачје

Макси Лопес во кариерата играше за доста италијански клубови и моментално е член на второлигашот Кротоне, но за јавноста е најпознат по тоа што беше во брак со Ванда Нара и начинот на кој нивната врска заврши. Ванда го напушти Макси за да биде со Мауро Икарди, ѕвездата на ПСЖ, додека двајцата беа блиски пријатели во периодот кога ги бранеа боите на Сампдорија.

Лопес со Ванда има три деца, додека контоверзниот модел има уште две деца со Мауро. Она што го налути Лопес е што семејството Икарди одлучило да го напушти Париз во период кога владее пандемијата со Коронавирусот и да се смести во куќа во Ломбардија покрај езерото Комо.

„Би сакал да знам според кои критериуми го прекрши карантинот додека трае глобална пандемија. Од тебе се бараше да седиш дома, а ти ги изложи моите деца на опасност со тоа што допатува во друга земја. И не која било земја, туку во Италија, се смести во Ломбардија, место коешто најмногу е погодено од Коронавирусот. Дали си нормална? Најсветото нешто во овие моменти е здравјето на нашите деца, а ти види што правиш. Мајка си на пет деца, а не се однесуваш така“, се огласи Макси Лопес преку својот инстаграм-профил.

Во овој регион од Италија досега се забележани повеќе од 6.000 смртни случаи поради заразување од вирусот Ковид-19, па сосема логична е реакцијата на Макси Лопес да се грижи за своите деца.

- Оглас -

Најнови вести