Макси: Му простив на Икарди, дури и сум му благодарен

Аргентинските фудбалери Мауро Икарди и Макси Лопес беа блиски пријатели, но тоа пријателство заврши кога Икарди му ја презеде на Макси сопругата Ванда. По повеќе години непријателство, сега Макси омекна и вели дека му простил на Мауро.

„Избрав да бидам среќен и некои работи да ги оставам во минатото. Мојот брак пропадна, но станав татко и созреав. Сега сакам да го заборавам лошото минато и да живеам со позитивна енергија. Му простив на Икарди, немам проблем со тоа. Целта ми е децата да бидат среќни. Јас свртев нова страница во животот“, вели Макси, кој со Ванда има три сина.

Од бракот со Икарди, Ванда има две ќерки.

„Не само што му простив на Мауро, туку и благодарен сум му што ја одведе Ванда од мене“, напиша Макси на социјалните мрежи, но брзо ја избриша оваа порака.

И Ванда не остана без одговор, а очигледно таа и Макси немаат намера да се смират.

„Почитувањето е како пари. Можеш да молиш за него, но подобро е ако го заработиш“, напиша Ванда.

- Оглас -

Најнови вести