Макси речиси призна дека мафијата му нудела да му ги скрши нозете на Икарди

Аргентинскиот фудбалер Максимилијано Лопес, во интервју за една телевизија во родната земја, речиси призна дека додека играл во Катанија, добивал понуди од сицилијанската мафија да му „помогне“ со тоа што ќе му ги скршат нозете на Мауро Икарди.

Макси и Икарди беа блиски пријатели, но сето тоа падна во вода кога тогашната сопруга на Макси, Ванда, почна да го изневерува токму со Икарди. Сега Ванда му е жена на Икарди, па односот помеѓу нив е неизбежна тема во секое интервју.

Тој ниту потврди дека имало понуда од мафијата, но ниту негираше.

„Навистина не би сакал да зборувам за тоа“ – одговори Макси, со една насмевка на лицето која открива дека сепак има вистина во шпекулациите дека мафијата му нудела да го повреди човекот кој му ја презеде жената.

- Оглас -

Најнови вести