Максимално посветени и со насмевки репрезентативците го одработија денешниот тренинг (фото)

Македонската фудбалска репрезентација ги одработува последните подготовки пред историскиот настап на Европското првенство.

Денес фудбалерите на Ангеловски го комплетираа тренингот во пресрет на вториот контролен дуел против Казахстан кој утре ќе го одиграат на Националната арена во Скопје, a потоа следува патувањето до Букурешт за првите два меча од групната фаза против Австрија и Украина.

Максимално посветени на работата и со насмевки на лицата, нашите херои покажаа дека се спремни за секој предизвик.

фото: ФФМ

- Оглас -

Најнови вести