Максимално се напалени пред дербито: на тренинг на Бетис 31.500, на Севилја над 15.000 фанови (Видео)

Бетис и Севилја утревечер од 21 часот ќе го играат најлутото градско дерби во Шпанија, а двата клуба денеска ги отворија вратите за своите поддржувачи и тренираа со публика за уште поголемо мотивирање пред пресметката.

На „Бенито Вилјамарин“ каде утре ќе се игра дербито помеѓу двата тима од Севилја, денеска на тренинг се собраа 31.500 навивачи на Бетис кои приредија атмосфера како на натпревар, а утре трибините ќе бидат преполни и Бетис ќе може да смета на „12-тиот играч“.

Севилја ќе треба да го издржи пеколот кој ќе им го приредат, а за што подобра подготовка и тие тренираа со публика, на „Рамон Санчес Писхуан“ се собраа нивни 15.231 фанови.

- Оглас -

Најнови вести