Максимум на Ајнтрахт за запис во германската историја

Ајнтрахт со пресврт го победи Лацио во Рим со 2-1 и се запиша во германската фудбалска историја како прв клуб што успеал да освои максимум бодови во фазата по групи во Лигата на Европа.

Во Х групата, клубот од Франкфурт нанижа шест победи, по две против Лацио, Аполон Лимасол и Марсеј, конкуренција што беше незгодна, па подвигот е уште позначаен.

Лацио е една од најдобрите екипи во Италија, Марсеј е ланскиот финалист во Лигата на Европа, а и Аполон одигра солиден циклус, што сепак не беше проблем за избраниците на австрискиот тренер Ади Хутер.

 

- Оглас -

Најнови вести