Мал е бројот на прогнозери кои веруваат во ново чудо на Македонија против Германија

Македонската фудбалска репрезентација ја победи Германија на нејзин терен, но сега едвај пет отсто од играчите на Спортска прогноза веруваат дека нашите најдобри фудбалери ќе можат по вторпат да го изненадат четирикратниот светски првак. Македонија на 11 октомври ќе игра против Панцерите и тоа е последен од 13-те репрезентативни дуели кои се дел од осмото коло.

За погодени 13 фиксови, премијата е мобилен телефон „ајфон 12“, а подароци има и за оние кои ќе бидат блиску до Среќна 13-ка. За 12 погодоци се добива вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а за 11 погодени меча, вредносниот ваучер изнесува 500 денари.

Освен дуелот Македонија – Германија, предизвик е да се погоди дали ќе победат јужноамериканските гиганти Бразил и Аргентина, како и дали ќе можат Грција и Албанија да се радуваат на гостински терен кај Грузија, односно Унгарија.

Не чекајте, направете ги вашите прогнози!

- Оглас -

Најнови вести