28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Мал фудбал, забава и награда за најголем плачко на турнирот

Традиционалниот турнир на медиумите во мал фудбал во организација на Спортско радио 90,3 фм, кој од утре до недела ќе се одржи во салата„ АРХИЕПИСКОП ДОСИТЕЈ“ во дворот на ОУ „Круме Кепески“ во скопска Кисела Вода, ќе биде еден од најинтересните спортско-забавни настани викендов и ако сакате семејна забава, треба да се биде таму, влезот е слободен.

Неколку дена ќе има дружење, забава и спортување, а „фудбалерите“ од медиумите ќе ги покажат квалитети во битката за престижните награди. Во главниот дел ќе настапат СИТЕЛ, КАНАЛ 5, СПОРТСКО РАДИО 90.3 ФМ, АЛФА ТВ, ТВ 24, МРТВ, МТВ 2 и АЛСАТ М. Организаторот, Спортско радио 90.3 фм, и поддржувачите на медиумите најавија дека и годинава ќе има богата и атрактивна понуда на ревијални дуели кои ќе ја збогатат програмата на четиридневното дружење.

Во недела, на завршниот ден ќе има и мечеви на кои едни против други ќе играат некогашни фудбалски репрезентативци, градоначалници против пратеници, пејачки против новинарки, итн.

Секоја година се доделуваат и пехари и награди за најдобрите, но има и признание за најголем плачко на турнирот (наградата најчесто е марамчиња Палома), па како и секогаш, и овојпат конкуренцијата ќе биде жестока.

- Оглас -

Најнови вести