Питсбург пајретс – Синсинати редс (Бејзбол МЛБ, 01.05 часот)
Домашните се претпоследни во националната лига, додека Синсинати е три места погоре. Гостите се во нешто подобра форма, ги добија последните два меча, а Питсбург претрпе два порази по ред. „Пиратите“ се лоши на свој терен, имаат само две победи на последните десет дуели, но им лежи Синсинати. Питсбург дома има серија од седум победи по ред во пресметките со Редс, а последен пат се соочија во април. Ако ја слушате традицијата, тука ќе биде единица, но формата на екипите повеќе влече кон двојка.
Предлог тип: 2 (1.90)
Мајами марлинс – Филаделфија филис (Бејзбол МЛБ, 01.10 часот)
Мајами е лош, има шест порази по ред, и последен е во националната лига. Филис има шест победи на последните осум меча. Овие тимови имаат променливи резултати во меѓусебните дуели, па така на крајот на јуни, Марлис победуваа со 6-2 и 9-6, пред Филаделфија да го добие последниот меч со 13-6.
Предлог тип: >8.50 (1.80)
Њујорк метс – Атланта брејвс (Бејзбол МЛБ, 01.10 часот)
Ова е едно од дербијата на вечерта. Двата тима се во одлична форма, имаат по пет победи едноподруго, но едните ќе мора да ја почувствуваат горчината на поразот првпат после 17 август. Метс дома е опасен, загуби само еден од последните десет меча, а славеше и во последното соочување со „храбрите“ кои пред тој пораз, славеа двапати по ред. Квотите за конечен тип го фаворизираат домашниот тим.
Предлог тип: Х пол. (1.80)
Минесота твинс – Детроит тајгерс (Бејзбол МЛБ лига, 02.10 часот)
Детроит е последен во американската лига, а Минесота е трета, и според ова, би требало да биде чист кец. Овие тимови играа меѓусебе во Минеаполис и во мај, а по две победи извојуваа двата тима. Тигрите не треба да бидат отпишани, а и Близнаците не се којзнае колку опасни дома, добија само три од последните десет домашни мечеви, затоа мора од почеток да тргнат силно и да го добијат првиот ининг.
Предлог тип: 1 пол. (2.30)
Лос Анџелес доџерс – Њујорк јенкис (Бејзбол МЛБ лига, 04.10 часот)
Спектаклот кој го чекаат сите љубители на бејзболот, прогнозираме дека ќе го добијат домашните од Лос Анџелес. Големото дерби на лидерите на двете лиги, во различно расположение влегуваат во двобојот. Лос Анџелес има три победи по ред, а Јенкис четири порази едноподруго. Тешко дека Јенките може да се вадат против Доџерс кои се најдобар тим во лигата. Јенкис шест години нема гостувано кај Доџерс.
Предлог тип: 1 (1.65)