Манчестер сити го задржа врвот на табелата во Премиерлигата со победа од 3:1 против Ватфорд, но имаше и мала помош од главниот судија Тирни, кој имаше многу грешки на последниот денешен дуел во Премиерлигата.
Клучниот момент за триумф на лидерот и актуелен шампион се случи во 50. минута. Рахим Стерлинг беше во офсајд, а потоа при ударот на Агуеро имаше и среќа и топката од него се одби во голот на Ватфорд за 1:0.
Помошникот на Тирни сигнализираше офсајд, Стерлинг беше во офсајд при акцијата, а по долга консултација главниот судија го призна голот.
https://www.youtube.com/watch?v=NvA59w1efz0
Потоа Стерлинг стаса и до хет-трик со голови во 59. и 64. минута, а почесниот погодок за гостите го даде Делофеу.
Со новиот триумф Манчестер сити го задржа првото место на табелата со 74 бодови, четири повеќе од Ливерпул, екипа која има еден меч помалку.