Шпанскиот второлигаш Малага, го суспендираше тренерот Виктор Санчес, откако денеска на социјалните мрежи се појави видео на кое тој се снима, си ги соблекува гаќите и си го покажува половиот орган. Се претпоставува дека тој во моментот комуницирал со некоја женска личност.
„Направен е злостор врз мојата приватност. Уценет сум, ми бараа пари. Јавно ги осудувам тие што го објавија клипот на интернет. И полицијата е запозната со ситуацијата. Ова е кривично дело според шпанските закони и подразбира последици. Благодарам на разбирањето и поддршката“ – рече Виктор кој во 1998 година со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, а една година претходно освои титула и во првенството.
Овие оправдувања не му помогнаа многу, и Виктор вечерва е суспендиран од Малага, и суспензијата ќе трае до крајот на истрагата.
https://www.youtube.com/watch?v=DBxbTHpFeBw&feature=emb_title