Малдини го праќа синот на калемење во Верона

Даниеле Малдини следната сезона ќе ја мине во редовите на Верона како позајмен играч. Синот на спортскиот директор и легенда на Росонерите, Паоло Малдини, ќе мора на калемење доколку сака да ја продолжи семејната традиција на „Сан Сиро“.

Минатата сезона Даниеле запиша само 13 настапи под палката на Пиоло, вкупно 239 минути што не е доволно за 20-годишниот офанзивец. Целта на оваа позајмица е да се здобие со искуство, па од следната сезона да има поважна улога во Милан.

Договорот на Даниеле е до 2024 година, што значи дека следните две години се од голема важност за третиот член од семејството Малдини да се докаже дека заслужува да го носи црвено-црниот дрес.

- Оглас -

Најнови вести